Македонија

Петровска потпиша, ќе се ремонтираат два хеликоптери Ми -8МТ

Петровска потпиша, ќе се ремонтираат два хеликоптери Ми -8МТ

Денеска во Министерството за одбрана министерката Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешката Република во Северна Македонија, Јарослав Лудва потпишаa Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу двете влади.

Договорот кој е по принципот Влада со Влада е во рамки на планот за модернизација и опремување  на капацитетите на Армијата, и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми -8МТ во период од 13 месеци.

Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор Влада со Влада (G2G) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни