Македонија

Петровска се сретна со Ескобар

Петровска се сретна со Ескобар

Министерката за одбрана Славјанка Петровска која учествува на Делфу форумот во Грција, на нејзиниот фејбук профил објави дека имала средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски работи во американскиот Стејт департмент.

– Благодарни сме за континуираната и конзистентна  поддршка за европските и евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Членството на   во НАТО се покажа дека е вистинска одлука во вистинско време, а во денешните несигурни времиња тоа ја зацврсти регионалната стабилност и безбедност и ја намали можноста од прелевање на нестабилноста во Западниот Балкан, објави министерката Петровска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни