Пијан човек му го украл камионот со компири на соседот, па се возел низ село – го чека голема казна!

Несекојдневен инцидент се случил во Черница, Украина, во месноста Ривне, кога селанец од сосед украл камион со компири и го возел низ селото, само за забава, соопшти полицијата.

Мажот, продавач на компири, наводно се вратил од терен и го паркирал камионот пред куќата, кога неговиот 35-годишен сосед седнал зад воланот и возел половина час, а потоа удрил во багер.

На полицајците им рекол дека тоа го направил од шега, а со мерење со алкотест било утврдено дека има близу два промили алкохол во крвта, пренесува Unian.ua.

Сепак, шегата скапо ќе го чини, бидејќи покрај казната за возење во пијана состојба, му се заканува и пет години затвор.