Македонија

Пивара Скопје и Публицис со награда на фестивалот SoMo Borac

Пивара Скопје и Публицис со награда на фестивалот SoMo Borac

Проектот SmoothON на Пивара Скопје осмислен и реализиран од Публицис Скопје е победник во категоријата SoMo Growth на регионалниот фестивал за дигитален маркетинг, SoMo Borac. Платформата SmoothON за македонска авторска музика беше препознаена како исклучително успешен начин за промовирање на македонските артисти и нивната музика.

Јубилејното, десетто издание на фестивалот SoMo Borac се одржа во Загреб и оваа година собра рекордни 221 апликација за различните категории на награди.

Публицис Скопје го реализираше проектот SmoothON со цел промовирање на новата македонска музика и поддршка на македонските артисти, истовремено истакнувајќи дека Скопско Смут е пиво кое секогаш било на страната на младите, прогресивни и креативни сили во нашето опкружување. SmoothON е платформа која ги обединува луѓето што со децении ја создавале, дефинирале и живееле музичката сцена со цел да ги пронајде и промовира најсвежите и најоригиналните домашни артисти.

Истакнати музички професионалци помогнаа во селекцијата на новата македонска музика и крериаа свои плејлисти на Спотифај, а преку скенирање на кодот од секое Скопско Смут може да ја преслушаме свежата македонска сцена.

Поддржете ја македонската музика на smoothon.mk.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни