„Плачам секој ден веќе неколку години“ – Бела Хадид за психичката борба!

Американската манекенка Бела Хадид (25) објави видео на Инстаграм и неколку фотографии на кои се гледа како таа лее солзи, а потоа проговори за своите психички проблеми.

Познатата убавица од модните писти го сподели своето долгогодишно искуство со депресија и анксиозност и ги потсети своите следбеници дека социјалните мрежи не се вистински живот.

По видеото во кое нејзиниот пријател Вилов Смит искрено зборува за својата несигурност, следеа фотографии од расплаканата Хадид.

Инаку, Бела Хадид уште во јануари годинава зборуваше за борбата против тешката депресија и анксиозност уште од тинејџерска возраст.

Како што навлегуваше во 20-тите години, манекенката рече дека нејзината социјална анксиозност се влошила. Таа призна дека направила мала пауза од социјалните мрежи за да се фокусира на своето здравје.

„Одвојте време за вашето ментално здравје. Секогаш се исплати да го искористите целиот свој потенцијал“, заклучила таа.