Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска на прес конференција истакна дека платите треба секогаш да растат.
„Лично ако ме прашате, јас сметам дека платите треба постојано да растат меѓутоа тие треба да растат прво низ овој дијалог, но и со усовршувањето на работните процеси и со усовршувањето на оперативните и технолошките процеси во компаниите во нашата држава“, вели Ковачевски.