Свет

По 40 дена заклучување во кинески град, жителите гладуваат и немаат лекови

По 40 дена заклучување во кинески град, жителите гладуваат и немаат лекови

Жителите на градот Куља во автономниот ујгурски регион Ксинџијанг во западна Кина велат дека почнуваат да гладуваат, останувајќи без лекови и други основни производи по повеќе од 40 дена од заклучувањето наметнато од коронавирус, објавија Асошиетед прес.

Стотици објави од Куља ги потресоа кинеските социјални мрежи минатата недела. Жителите на градот покажуваат видеа од празни фрижидери, болни деца и луѓе кои врескаат од нивните прозорци.

Суровите услови и недостигот на храна потсетуваат на строгото заклучување во Шангај оваа година, кога илјадници жители се пожалија дека им се сервира скапан зеленчук или дека им е одбиена виталната медицинска нега. Но, за разлика од космополитскиот Шангај – град со 20 милиони луѓе со многу странци – тешките заклучувања во релативно помалите кинески градови како Куља не привлекоа такво внимание до неодамна.

Како што се повеќе заразни варијанти на коронавирусот влегуваат во Кина, се почесто се појавуваат нови епидемии. Поради стратегијата на Кина „нулта-COVID“, десетици милиони жители на земјата се погодени од строги карантини кои ја парализираат економијата и го отежнуваат патувањето.

Заклучувањето во Куља, исто така, предизвикува страв од полициска бруталност против Ујгурите, малцинска група во автономниот регион, која со години бележи зајакнати безбедносни мерки. Голем број Ујгури и други членови на претежно муслиманските малцинства се држат во огромна мрежа на логори и затвори, забележа АП.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни