Свет

По аферата со Штрахе, Курц побара предвремени парламентарни избори

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако заменик канцеларот и неговито коалиционен партнер Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе оставка после аферата со видеото со кое беше фатен како прави матни зделки во вила на Ибица.

„Денеска на претседателот му предложив да одржи вонредни избори во Австрија што е можно поскоро“, рече австрискиот канцелар во вонредното обраќање до јавноста.

„Лесно можев да се задржам на власт со промена на луѓе во владата и со однос како ништо да не се случило. Јас во политиката влегов не за да држам функции, туку да учам и служам на земјата и граѓаните“, објасни Курц.

The post По аферата со Штрахе, Курц побара предвремени парламентарни избори appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни