Македонија

По долга расправа, Собранието ги избра Нуредини, Милевски, Дураку, Димковски и Исмаили за министри

По повеќе од 10 часа расправа, нешто пред 23 часот вечерва Собранието ги избра петте нови министри во Владата: Насер Нуредини, Горан Милевски, Садула Дураку, Трајан Димковски, Хусни Исмаили.

Во иднина со министерството за животна средина ќе раководи Насер Нуредини, со локална самоубрава Горан Милевски, Садула Дураку ќе го има министерството за политички систем, Трајан Димковски ќе биде нов министер за земјоделство, додека Хусни Исмаили ќе раководи со министерството за Култура.

Собранието вчера ги разреши Драган Тевдовски, Сухејл Фазлиу и вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика, кој формално беше министер без ресор, а претходно оставки си дадоа министерот за култура Асаф Адеми, министерот за земјоделие Љупчо Николовски, министерот за животна средина Садула Дураки и министерот без ресор Зоран Шапуриќ.

Денеска на моменти дебатата беше жестока, особено меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни