Македонија

По долгогодишна истрага, приведен осомничен за убиство од 2013 во Тетово

По долгогодишна истрага, приведен осомничен за убиство од 2013 во Тетово

На 12.11.2024 во 16.30 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово – Одделение за општ криминал од слобода бил лишен Ш.Ш.(41)  од с.Порој поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „убиство“, извршено на 12.10.2013 на регионалниот пат од с.Пирок кон с. Жеровјане. По наредба на Основен суд Тетово извршен е претрес во домот на Ш.Ш.. Против лицето е поднесена кривична пријава, при што од страна на Основен суд Тетово му е изречена мерка притвор од 30 дена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни