Македонија

По две години бегство, уапсен скопјанец баран со централна потерница

По две години бегство, уапсен скопјанец баран со централна потерница

По две години бегство, полицијата денеска го лиши од слобода 44-годишниот С.И. од Скопје, кој бил баран со централна потерница за издржување затворска казна од пет години.

Од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага, во содејство со Интервентната полиција, лицето било пронајдено и лишено од слобода околу 05:30 часот во село Арачиново.

С.И. се барал со централна потерница поради кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено во член 215 став 3 од Кривичниот законик.

За делото тој бил осуден на казна затвор во траење од пет години, а според полицијата, бил во бегство од 2024 година.

По лишувањето од слобода, лицето било предадено во Полициската станица за општа надлежност Гази Баба за понатамошна постапка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни