Пол Мејсон има 57 години и на социјалните мрежи е познат како Модниот Дедо Мраз. Тој потсетува на познатиот Дедо Мраз кој дели подароци само поради сивата брада, а жените го обожаваат и велат дека е еден од најзгодните мажи на планетата.
Пол е роден во Канада и во една прилика бил „нападнат“ од толпа обожавателки пред куќата во која живее.
Секој ден кога оди на шопинг добива многу барања за заеднички селфи.
Пол има 57 години, а со манекенството почнал во 20-тите. Тој бил забележан додека студирал и за неколку недели пристигнал на модните писти во Токио. По кратката кариера во Париз, тој се пресели во Њујорк и правеше кампањи за DKNY, Dolce & Gabbana и Macy’s, а беше и на насловната страница на австралискиот Vogue.
Во 2008 година, неговиот живот се промени. Откако мајката на Мејсон заболела од рак, тој се вратил дома во Канада да се грижи за неа. Во следните пет години, тој не работеше бидејќи грижата за болна мајка му стана централен фокус на животот.
Кога неговата мајка починала во 2013 година, тој речиси никогаш не станал од кревет половина година.
„Поради тагата што ја чувствував, престанав да се бричам шест месеци и конечно ја пуштив оваа џиновска брада Кога се погледнав себеси, сфатив дека ми се допаѓа тој нов изглед. Кој не би сакал да види елегантна алтернатива на Дедо Мраз? Направив план – селфи со Дедо Мраз на црвениот тепих. Врз основа на таа идеја, сè тргна напред“, рече тој.
Мејсон го играше модниот Дедо Мраз во неколку различни малопродажни места пред да потпише еден голем договор. Благодарение на таа една кампања, тој стана познат. Според неговите проценки, тој во 2015 година поминал 88 часа правејќи селфи за осум дена.
„Тоа е смешна работа за мајка ми, а можеби и не е смешна – крајот на нејзиниот живот го одбележаа рак, срцеви заболувања и белодробни заболувања. Затоа ми е толку важна соработката со различни хуманитарни организации. Тоа е можност да се возврати. Мислам дека мама би била многу среќна поради тоа. Таа никогаш не очекуваше дека ќе станам Дедо Мраз. Се обложувам дека сега се смее за тоа. Сè уште сакам да мислам дека тоа ми помага и ми испраќа мали сигнали за време на празничната сезона“, изјави Пол Мејсон за Вајс.
