По негова желба: Пепелта на Стефановски ќе биде расфрлана во водите на Охридското езеро

Драматургот Горан Стефановски ќе биде кремиран, и пепелта ќе биде расфрлана во водите на Охридското езеро, по негова желба, соопштија од неговото семејство.

Стефановски вчера почина во Велика Британија, а неговото тело ќе биде кремирано на 5 декември во Бархам крематориумот во Кентбери, Англија.

Се вчитува...

Стефановски почина вчера на 66 години по кусо боледување во Кентербери, Англија. Таму живееше во изминатите дваесетина години.

Извор: ТВ21