Популарниот грчки туристички остров Санторини е погоден од најсилниот земјотрес досега, додека медицинскиот персонал се подготвува за евакуација.
Последниот земјотрес, еден од стотиците што го погодија вулканскиот остров во последните недели, беше со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Медицинскиот персонал извршил пробна евакуација на болницата, додека научниците велат дека не е јасно дали необичната серија потреси претходи на уште посилен земјотрес.
Уште неколку земјотреси со магнитуда меѓу 4 и 4,8 се случија во вторникот, со епицентри помеѓу островот Аморгос и Санторини, една од најпопуларните туристички дестинации во Грција.
Наскоро повеќе …