Македонија

По новообјавените разговори – Заев за ТВ21: ДУИ не вреди пет пари на пазарот на гласови

По објавување на снимките, претседателот на СДСМ, Зоран Заев за ТВ21 истакна дека ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови.

„ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку“, вели Заев.

Тој додава дека ја покажал и докажал неговата љубов кон Албанците на дело.

„Јас сум ја покажал и докажал мојата љубов и почит кон Албанците на дело. Не само зборови туку и на дело. Донесен е Законот за јазици, се грижиме за сите заедници, прв сум ги повикал Македонците да гласаат за Албанци и Албанците за Македонци, прв сум ја отворил партијата за Албанци високи функционери, прв направив предизборна коалиција со албанска партија и лично и фамилијарно сум поврзан со Албанците, кум сум на Мухамед Зекири и тоа ми е големо задоволство“, порачува Заев.

Посочува дека целата јавност слушнала дека тој не го изговара никаде зборот којштое навредлив за сограѓаните Албанци, туку тоа го прави соговорникот во снимениот разговор.

„Ваквите ниски и очајни обиди нема да ме обесхрабрат да го напуштам концептот едно општество за сите, чиј предводник сум. Напротив, ќе продолжам тоа да го правам и понатаму, со достојна почит кон сите мои сограѓани од сите етнички заедници. И покрај тоа што ДУИ не вреди пет пари, на 27 април со сопствен живот го бранев животот на Талат Џафери“, посочува Заев.

На јутуб се појави нова аудио снимка на која се слуша како претседателот на СДСМ Зоран Заев на соговорник му кажува дека Албанците не вредат ни пет банки и дека тие се борат само за пари.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни