Авионот кој попладнево се изгуби од радарот кај контролата на лет, по неколку часа беше пронајден паднат на Слонуска Глава. Првичните информации говорат дека лоцирани се остатоците од авионот, како и телата на загинатите. Но, надлежните информираат дека тие се наоѓаат на 2200 метри надморска височина и теренот е непристапен. Вечерашната акција е прекината поради лошите временски услови, а неофицијално ќе се бара и помош и од соседните земји за хеликоптер кој може да се спушти на тој специфичен терен.
Георги Бошнаков и неговото семејство загинаа при падот на авионот „цесна” П210Н на 80 километри од Скопје, на планината Јакупица во близина на врвот Солунска Глава. Бошнаков беше шеф на одделот за примена и одржување на информатичката технологија во Агенцијата за регистар. Авионот полетал од Охрид за Софија, а во 16,16 часот се прекинуваат врските со контролата на летање.