По прилогот на ТВ21 за одолговлекувањето на градежните работи во улица „Бутелска“, активностите се забрзани. Денеска “Бутелска“ изгледа поинаку. Дел од улицата е асфалтирана, а градежните работи во другиот дел ќе завршат за два дена. Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, рече дека активностите се одвиле бавно поради лошите временски услови.
Но, друг загрижувачки проблем за кој известува ТВ21, е и депонијата во близина на старото училиште “Живко Брајковски“. Таму се фрла секаков вид на отпад и градежен шут. Смилевски вели дека општина Бутел, на секои две месеци го чисти местото, но сепак не можат да ги спречат несовесните граѓани да не фрлаат.
Тој вети дека на местото на депонијата ќе се изгради парк и плоштад, но не одреди точно време кога ќе се направи тоа.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ