По расправија во метро, непознат маж полил и запалил млада жена

По расправија во вагон на метрото во Чикаго, непознат маж истурил запалива течност врз млада жена и ја запалил, објавија денес американските медиуми.

Жената (26) е хоспитализирана во критична состојба, а непознатиот напаѓач успеал да избега и сè уште не е фатен, објавува NBC News.

Вербалната пресметка ескалирала во физичка пресметка кога мажот истурил непозната запалива течност врз жената и ја запалил.