По шестдневна потрага во реката Брегава, пронајдено е телото на Марко В.(20) од Столац во Босна и Херцеговина, кој исчезнал кога џипот во кој бил слетал во реката.
Исчезнувањето на младиот човек било пријавено во понеделникот околу 1 часот по полноќ кога Р.В. мајката на Марко В. пријавила дека нејзиниот син бил во кафуле во Столац со Филип.С. и дека не дошол дома, како и дека и двајцата се недостапни по телефон.
Полицијата набрзо утврдила дека С.П. клучевите од својот „џип компас“ им ги дал на двајца млади момчиња да одат во Видово поле, но тие исчезнале.
По претресот на градот и неговата околина, било утврдено дека младите со автомобилот слетале во надојдената река, но возилото било извлечено од реката дури еден ден подоцна, кај местото Питиќ Бријег, поради лошо временските услови и високиот водостој.
Во џипот е пронајдено телото на Филип С., додека потрагата по Марко траела до утрово кога неговото тело било пронајдено на 4 и пол километри низводно од местото каде што бил пронајден теренецот.
По извршената истрага телото на младото момче е испратено на обдукција.
