По смртта на Панчо Минов, неговата ќерка е нов носител на листа за Кавадарци

По ненадејната смрт на носителот на независната листа за советници во Кавадарци, Панчо Минов, неговото место ќе го преземе неговата ќерка – Лимба Минова Златевска.

Со ова предлагање, групата избирачи која стои зад независната листа го испочитува законскиот рок за замена на кандидат, предвиден во Роковникот за локалните избори 2025 година.

Во документот стои дека доколку кандидат од потврдената листа почине по нејзиното објавување, партијата, коалицијата или групата избирачи што го предложиле можат да предложат нов кандидат без собирање потписи, најдоцна до 10 дена пред денот на изборите – односно до 8 октомври во 24:00 часот.

Поранешниот пратеник и градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов, почина денеска. Тој беше носител на независната листа за локалните избори закажани за 19 октомври, со можен втор круг на 2 ноември.

Со неговата ќерка на чело на листата, независната иницијатива ќе продолжи да учествува во изборната трка во чест на неговото долгогодишно политичко и општествено ангажирање.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.