Свет

По земјотресот: Загинатите во Турција и Сирија се над 4.300 лица

По земјотресот: Загинатите во Турција и Сирија се над 4.300 лица

Бројот на жртвите од разорниот земјотрес во Турција достигна 2.900, а уште 1.400 ги загубија животите во соседна Сирија.

Ова е билансот од трагедијата еден ден по потресите. Локалните медиуми објавија над 15.000 повредени.

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала вчера во раните утрински часови ја потресе Турција. Имаше десетици силни последователни потреси, а околу пладне следеше уште еден земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Екипите за итни случаи и волонтерите продолжуваат да бараат луѓе во урнатините. Многу жители беа евакуирани од своите домови и ја поминаа ноќта во засолништа и автомобили.

Турција упати меѓународен апел за помош, а одговорија десетици земји, вклучително и САД и Јужна Кореја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни