На 81-годишна возраст почина добитничката на „Оскар“ Бренда Фрикер, позната по улогите во „Сам дома 2“ и „Мојата лева нога“. Веста беше соопштена на 17 јули 2026 година.
Меѓу бројните нејзини улоги, Бренда Фрикер најмногу ќе остане запаметена по ликот на Жената со гулабите во култниот филм „Сам дома 2“ од 1992 година, каде што ѝ партнер е Макаули Калкин.
Во касовниот хит таа го толкува ликот на затворена и бездомна жителка на Сентрал Парк, која се спријателува со Кевин Мекалистер.
Нејзиниот агент соопшти дека актерката починала по период на влошена здравствена состојба. „Никогаш повеќе нема да видиме човек како неа, а светот е посиромашен без неа. За мене беше чест да ја познавам, да ја сакам и да работам со неа. Таа секогаш ќе има посебно место во моето срце, како и во срцата на толку многу љубители на филмот и телевизијата ширум светот“, стои во неговото соопштение.
За нејзината смрт известија и медиумите „Њујорк Пост“ и „Би-Би-Си Брекфаст“.