Почина актерот Рон Ели, се прослави по улогата на Тарзан

Актерот Рон Ели, почина на 86-годишна возраст, а неговата ќерка ја потврди тажната вест.

Како што рече, Рон Ели мирно почина на 29 септември.

Рон е најпознат по својата главна улога во филмот „Тарзан“, а неговиот лик го одбележа детството на многумина.

„Светот изгуби еден од најголемите луѓе што некогаш ги познавал – а јас го загубив татко ми“- напишала неговата ќерка.