Басистот на рок-групата „Зи-зи топ”, Дасти Хил почина на 72-годишна возраст. Гитаристот починал во сон во неговиот дом во Хјустон, Тексас, САД.
Веста за неговата смрт на Фејсбук ја објавија членови на групата.
Хил е роден на 19 мај 1949 година. Тој свирел бас-гитара со бендот, пеел придружни и главни вокали и бил на клавијатури.
Како член во „Рокенрол-салата на славните” на „Зи-зи топ”, бил вклучен во 2004 година.
