Свет
17,279,197
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15
Македонија
770
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15
Македонија
5,497
Вкупно починати
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15
Македонија
150,440
Вкупно оздравени
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15

Почина Боро Дрљача

На 80 годишна возраст почина легендарниот пејач на народна музика Боро Дрљача.

Пејачот беше третиран и опериран неколку пати во претходните месеци, прво поради рак на дебелото црево, а потоа и поради тромб во близина на срцето.

Роден во Босанска Крупа, Бора како млад дојде во Белград, каде што се појави на аудиција за Радио Белград и реши да стане пејач.

Издаде десетици албуми и се здоби со статус на истакнат уметник. Тој ги пееше своите хитови низ целиот свет на турнеја и призна дека му било тешко за време на војната во поранешна Југославија, кога неговите песни не беа објавувани во српските медиуми затоа што е роден во Босна и обратно.

Тој исто така се занимаваше со бокс, и се испроба пред камерите на реалноста, учествувајќи на ВИП Големиот брат во 2010 година. Бора беше исфрлен само еден ден пред финалето на шоуто.

Во првиот брак со Верица, тој имаше два сина, а потоа семејството го погоди трагедија – Верица изврши самоубиство со преголема доза на дрога. Бора се ожени повторно со Радомирка Сладиќ.