Чимс, кучето кое е познато на Интернет и е ѕвезда на многу „мемиња“, почина, потврдија неговите сопственици на социјалните мрежи.
12-годишното куче, чие вистинско име е Балце, е Шиба Ину и се бореше во последните неколку месеци откако му беше дијагностициран рак на панкреасот.
„Бол Бол заспа на 18 август. Тој починал во петокот наутро при неговата последна операција“, се наведува во пораката.
1. Cheems, a dog who became famous as a viral meme, died on Friday while undergoing a surgery to treat cancer.
"Please don't be sad, please remember the joy that Balltze brought to the world. A Shiba Inu with a round smiling face connecting you and me," said the canine's owner. pic.twitter.com/nB43FcxzTB
— BFM News (@NewsBFM) August 20, 2023
Сопствениците велат дека по таа операција сакале да му вклучат хемотерапија или друг третман, но дека „сега е доцна“.
Сопствениците на оваа интернет ѕвезда во проштална порака ги замолија сите да не бидат тажни и „да се сеќаваат само на радоста што Чимс им ја донесе на толку многумина“.
„Не биди тажен, сети се на радоста што Балце му ја донесе на светот. Шиба Ину со тркалезното насмеано лице што не поврза сите нас, им помогна на многу луѓе за време на пандемијата и донесе многу радост на многумина. Сега неговата мисија е завршена“, се наведува во пораката.
„Ние веруваме дека тој е слободен да трча низ небото и да ужива во вкусниот оброк со своите нови пријатели. Тој ќе биде во нашите срца засекогаш. Се надевам дека ќе продолжи да им носи радост на сите во онлајн светот, тоа е моето единствено скромно барање“, велат сопствениците.
Тие му се заблагодарија и на медицинскиот персонал кој го поддржуваше кучето за време на неговото боледување во изминатите шест месеци.
RIP Cheems 🫡 pic.twitter.com/LCv0A4Avhd
— Mack (@kenzietuff) August 20, 2023
