Тажна вест денеска ја потресе македонската јавност – почина д-р Виктор Исјановски, угледен психијатар и поранешен директор на Здравствен дом – Скопје. Неговата ненадејна смрт предизвика силна тага кај колегите, пациентите и сите кои го познаваа.
Неофицијално, д-р Исјановски починал за време на летување во Грција. Вчера на социјалната мрежа Инстаграм беше објавена фотографија од таверна, на која тој е во друштво со Владимир Ристов – Камењар и кошаркарската легенда Перо Антиќ, што дополнително ја потресе јавноста.
Во периодот од јуни 2019 до 2024 година, д-р Исјановски беше на чело на најголемата здравствена установа во земјава – Здравствен дом Скопје. Неговото работење остави длабок белег, особено во критичните моменти кога државата се соочуваше со пандемијата од коронавирусот.
Граѓаните ќе го паметат по неговата посветеност и напорите во организацијата на масовната вакцинација, а колегите по неговата човечност и поддршка што секогаш им ја пружаше на пациентите и на здравствениот систем.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Пожар во Илинден – огнот се приближува до куќите
- 2.Кривична пријава против самостоен инспектор од СВР Битола – оддавал службени тајни
- 3.Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна
- 4.Руски дрон погоди станбена зграда во Полска, објавија локалните медиуми
- 5.Дневен хороскоп за среда, 10-ти септември 2025 година!