Светот на филмот и телевизијата се простува од Џејмс Ван Дер Бик, актерот кој се прослави со улогата на Досон Лири во култната тинејџерска драма од 90-тите, „Dawson’s Creek“. Тој почина на 48-годишна возраст.
„Почина мирно, со храброст и верба“
Тажната вест беше потврдена преку официјалниот Инстаграм профил на актерот во средата.
„Нашиот сакан Џејмс Дејвид Ван Дер Бик почина мирно утрово. Тој ги дочека своите последни денови со храброст, верба и благодат“, се вели во соопштението.
Семејството најави дека дополнително ќе сподели повеќе за неговите желби и ставови, но засега бара приватност во овие тешки моменти.
„Има многу да се сподели во врска со неговите желби, љубовта кон човештвото и светоста на времето. Тие денови ќе дојдат. Засега бараме мирна приватност додека тагуваме по нашиот сакан сопруг, татко, син, брат и пријател“, стои во објавата.
