Македонија

Почина еден од повредените полицајци по денешната сообраќајка на обиколница

Еден од полицајците кои беше повреден во сообраќајната незгода на скопска обиколница, им подлегна на повредите. Двајца полицајци беа пренесни во ургентен центар, но за жал, едниот почина.

Со тоа билансот на жртви од денешната сообраќајна незгода на обиколницата е две лица. Покрај полицаецот, почина и возачот на БМВ-то.

Според првичните информации, во миговите кога двајца полициски службеници сопреле возач на БМВ, на нив налетал камион. Возачот на БМВ-то починал на лице место, а возилото беше целосно изгорено.

The post Почина еден од повредените полицајци по денешната сообраќајка на обиколница appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни