Почина градоначалникот на Могадишу, им подлегна на повредите од терористичкиот напад

Градоначалникот на сомалискиот главен град Могадишу денеска почина откако беше повреден во терористички напад пред десетина дена.

Се вчитува...

Информацијата за смртта на Омар Осман ја потврди и сомалиската Влада.

Во самоубиствениот напад врз канцеларијата на градоначалникот извршен на 24 јули загинаа најмалку шест луѓе, а шестмина беа  повредени, меѓу кои и градоначалникот. Нападот го изврши бомбаш самоубиец, кој го активирал експлозивот што го имал на себе во Канцеларијата на Одман.

Одговорност за терористичкиот напад презеде групата Ал Шабааб. 

Извор: Сител телевизија