Македонија

Почина Кирил Темков, професор и истакнат македонски филозоф!

Почина Кирил Темков, професор и истакнат македонски филозоф!

Денеска во Скопје, на 82-годишна возраст, почина професорот по филозофија, етика и естетика Кирил Темков, потврди семејството.

Темков беше истакнат македонски филозоф и етичар со меѓународно реноме, автор на бројни книги, учебници и научни трудови од областа на филозофијата, етиката, естетиката, уметноста и менаџерството. Тој беше силен поборник за воведување на предметот Етика во образовниот систем, а наставата по овој предмет во основните и средните училишта во Македонија се реализира според негови учебници.

Во текот на својата кариера, Темков ги преведе на македонски јазик делата на најзначајните светски филозофи и етичари и предаваше на повеќе универзитети во земјата и странство.

Роден во Кавадарци во 1943 година, Темков дипломирал и докторирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде беше редовен професор и предавач по повеќе етички и филозофски дисциплини на Филозофскиот факултет.

Автор е на значајни дела и бројни преводи, со што остави траен белег во македонската академска и културна јавност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни