Магазин

Почина Матија Барл, славниот Кекец

Словенечкиот актер и продуцент Матија Барл, кој стана познат по улогата на Кекец во истоимениот филм снимен во 1951 година, почина на возраст од 79 години.

Барл имал само 11 години кога ja играл улогата на Кекец, а храброто момче и неговите авантури  по словенечките Алпи многу брзо станаа еден од омилените детски ликови во поранешна Југославија.

Филмот во режија на Јоже Гале доби награда Златен лав во категоријата филмови за деца на возраст од 11 до 14 години на Филмскиот фестивал во Венеција во 1952 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни