Поранешниот министер за надворешни работи на Германија Клаус Кинкел, почина на 82-годишна возраст, потврди неговата партија Слободни демократи.
Кинкел оствари долга и богата политичка кариера. Ја вршеше функцијата министер за надворешни работи од 1992 до 1998 кога се случуваа крвавите војни на територијата во поранешна Југославија.
Тој беше еден од противниците за основањето на Хашкиот суд и своевремено призна дека западните земји, меѓу кои и Германија, имаат одговорност за масакрот во Сребреница 1995 година.
„Во случајот на Сребреница, сите потфрлија. Одговорност за тоа имаат и НАТО и Европска Унија и Обединети нации и јас самиот, бидејќи не знаевме за тоа што се случува таму“, изјави Кинкел во интервјуто за „Дојче веле“ во 2015.
Тој го напушти Бундестагот во 2002 година.