32-годишниот Кајл Смејн, поранешен светски шампион во скијање полулу, почина во Јапонија.
Загинал со пријател на јапонската планина Хакуба Норикура. Тој скијал со тројца пријатели, а потоа наеднаш почнала лавина и ги затрупала.
Кајл и еден пријател загинале, а двајца преживеаја за чудо.
„Тоа беше кошмар. Адам, Кајл и уште еден скијач се обиделе да побегнат. Адам поминал 25 минути закопан на длабочина од еден и пол метар. Чудо е што успеа да преживее. Наспроти него лежел друг скијач, но не излегол. Кајл Смејн бил фрлен на 50 метри во воздух од лавината и затрупан.
За жал, тој не преживеа. Во близина имаше лекари кои дојдоа да ни помогнат, но немаше спас. Адам и јас ќе го паметиме ова до крајот на животот. Не знам како да живеам со тие слики во мојата глава…“, вели Грант Гундерсон, фотограф кој ги снимил авантурите на Смејн.