Македонија

Почина режисерот Љубиша Георгиевски

Утрово на 81 годишна возраст почина Љубиша Георгиевски, театарски и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра.

Георгиевски беше роден на 30 мај, 1937 година во Битола. Дипломирал на “Академијата за театар, филм, радио и телевизија”, група “Театар и радио режија” во Белград, 1974 година.

Покрај режијата тој беше и драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на “Факултетот за драмски уметности” во Скопје.

Георгиевски има издадено повеќе од десет книги. Како филмски режисер има режирано четири филмови, додека како журналист има напишано повеќе од 200 колумни во дневниот весник “Дневник”.

На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008.


Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни