Македонија

Почина Сашо Стефановски, МЕПСО се простува од долгогодишниот колега

Почина Сашо Стефановски, МЕПСО се простува од долгогодишниот колега

Колективот на АД МЕПСО со тага се простува од својот долгогодишен колега -Сашо Стефановски директор на Подружница Оператор на преносна мрежа ( ОПМ) во АД МЕПСО.

„Стефановски ќе биде запаметен како голем професионалец, по својата енергичност и креативен дух, но пред се како човек кој секогаш беше тука за колегите за професионална дискусија, личен разговор, совет и подршка.

Беше дел од нашиот колектив уште од основањето на компанијата, а функцијата директор ја извршуваше од 2017 година. Истрајно справувајќи се со сите предизвици и сложени проекти, зад себе остави светол пример на максимално посветен работник со исклучително знаење и искуство кој сите ќе го следиме.

Благодарние на големиот професионализам и искуство како електроинженер, Стефановски своето знаење и енергија несебично ги споделуваше со колегите и секојдневно заеднички се справуваше со сите предизвици кои ги носи со себе одржувањето и непреченото функционирање на преносната интерконективна високонапонска мрежа. Нека почива во мир!“, велат од таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни