Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек почина по болничко лекување во Клиничката болница Тетово, соопштија денеска од оваа здравствена установа.
Детето било примено на Одделението за педијатрија во саботата, на 20 септември, во 20:40 часот. Од болницата велат дека веднаш биле преземени сите неопходни мерки за стабилизирање на состојбата, вклучително и интензивна рехидратација.
„Со цел понатамошен третман беше побарана и помош од Одделението за ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За време на интервенцијата пациентката не покажа реакција и веднаш беше префрлена на Одделението за интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај напорите на медицинскиот тим, пациентката почина“, стои во соопштението.
За утврдување на причините за смртта, болницата побарала да се изврши судско-медицинска обдукција, но семејството на девојчето засега одбива.
„Изразуваме искрено сочувство и длабока тага до семејството во овие исклучително тешки и трагични моменти. Подготвени сме за целосна соработка со надлежните институции“, додаваат од Клиничката болница Тетово.
Читај и ова:
- 1.Милиони погодени од супербура: „Подгответе се за катастрофална несреќа од големи размери“
- 2.Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско
- 3.Денес е официјалниот почеток на есента: Еве во колку часот се менува годишното време!
- 4.Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван и во Македонија
- 5.Пристига есента и со себе носи постудено време, обилни дождови и грмотевици!