Македонија

Почина сопругот на министерката за образование Весна Јаневска

Почина сопругот на министерката за образование Весна Јаневска

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст почина професорот и хирург Владо Јаневски, истакнат медицински стручњак и сопруг на министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Јаневски беше препознатлив по својата долгогодишна кариера во областа на хирургијата и по посветеноста во медицинската едукација. Низ годините тој важеше за професионалец кој со голема одговорност им пристапуваше на пациентите, но и за ментор кој обучи генерации млади лекари и хирурзи.

Неговото професионално наследство продолжуваат да го носат бројни доктори кои денес работат во Клинички центар „Мајка Тереза“, како и во други здравствени установи во земјата. Колегите го опишуваат како строг, но правичен наставник, како и човек со изразена хуманост и професионален интегритет.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел, каде семејството, пријателите, колегите и почитувачите ќе можат да му оддадат последна почит.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни