Битолската и македонската музичка сцена загубија едно од своите познати имиња, откако денеска почина естрадниот уметник Томе Влашевски, попознат по прекарот Кубата. Роден во Полска во 1959 година, тој од 1964 година живеел и творел во Македонија, оставајќи зад себе повеќедецениска кариера.
Пошироката јавност ќе го памети како музичар кој остави белег во повеќе познати музички состави, почнувајќи од рок групата „Хомо сапиенс“, преку ангажманот во популарната група „Молика“, па сè до „Бон Тон“ и неговата подоцнежна соло кариера.
Освен по музиката, Влашевски во Битола беше познат и како долгогодишен наставник по физичко образование во Основното училиште „Коле Канински“, професија која ја работел во текот на целиот свој работен век по дипломирањето на Факултетот за физичка култура во Скопје. Во младоста, тој бил и успешен спортист, тренирал атлетика и бил првак на Македонија во јуниорска конкуренција.
Дел од својата кариера, Влашевски ја поминал и во медиумите, работејќи неколку години како монтажер и снимател во Тера телевизија.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 3 октомври, од 9:00 часот во капелата на црквата „Св. Недела“ во Битола, а погребот ќе се одржи во 11:00 часот.
Читај и ова:
- 1.Претставена апликацијата m.uslugi: Личната карта и сите услуги на вашиот мобилен телефон
- 2.Дневен хороскоп – сабота – 4 октомври 2025 година
- 3.Девојка од Охрид нападната на работно место: Полицијата трага по напаѓач кој подолго време ја вознемирувал
- 4.Македонски државјанин најверојатно загинал во Белград додека правел бомба: Целта била ликвидација на нарко-дилер, тврдат српските медиуми
- 5.ДУИ со остри обвинувања: „Северна Македонија се лизга кон статус на „трета српска република“, Мицкоски и ВЛЕН се алатки на „Српскиот свет“