Денеска трагедијата од Кочани доби уште една жртва – 63-та по ред, соопшти Независниот синдикат на полицијата.
Според објавата, починал Владо Петров, кој по заминувањето во пензија бил притворен поради потпишан документ поврзан со паркинг просторот пред дискотеката, во времето кога ја извршувал функцијата главен инспектор за сообраќајни работи.
Од Синдикатот наведуваат дека Петров не го издржал притисокот од ситуацијата во која се нашол, изразувајќи сочувство до неговото семејство.