Брус Маквити, актер познат по улогите во сериите „Сопрановите“ и „Закон и ред“, почина во Њујорк на 65-годишна возраст.
Како што потврди неговата сопруга Керол Окс за Њујорк Тајмс, тој починал во болница во Менхетен, а причината за смртта се уште не е утврдена.
Гледачите го паметат по улогите во сериите „Сопрановите“ и „Како светот се врти“, а првпат се појави во „Закон и ред“ во 1991 година.
Својата ТВ-кариера ја започна во 1981 година, а на листата на серии во кои глумеше се Барни Милер, Мајами Вис, Еквалајзер, Спенсер за изнајмување, Лос Анџелес, Стенд и Оз. Тој глумеше и на Бродвеј, а дебито го имаше американскиот Бафало во 1983 година со Ал Пачино.
Неговиот најголем успех во кариерата беше ликот на Дени Скалерци во серијата Сопранови. Неодамна се појави во серијата на Нетфликс Начинот на кој нè гледаат.
Со сопругата Керол ја добил ќерката Софија Олива Окс.