Ноќеска (16.11.2025) околу 01:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачје на Карпош во Скопје е пронајден починат З.С.(55) од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.