Економско опоравување, зголемување на инвестициите, заштита на здравјето на граѓаните, приоритети во предлог- буџетот за идната година. Според министерот за финансии Бесими, главна карактеристика е развојната компонента. Капиталните инвестиции се планирани на 614 милиони евра, што е повисоко ниво од буџетскиот дефицит.
За ВМРО-ДПМНЕ буџетот е нереален и неразвоен, со многу непродуктивни трошоци. Оттаму велат дека сиромаштијата не престанува да расте. Ќе интервенираат со над 200 амандамни. Од СДСМ барат конструктивност од опозицијата и изгласување на буџетот.
Во предлог државната каса, вкупните расходи се планирани на 4,4 милијарди евра или 32 проценти од БДП, а приходите на околу 3,9 милијарди евра или 30,9 насто.
Според надлежните, со буџетот се обезбедува исплата на плати, пензии, социјални надоместоци, субвенции. Се очекува стабилизација на стапката на инфлација којашто е проектирана на 2,4% . Меѓу предвидените проекти се изградбата на автопатот од Коридор 8, железничката пруга од Коридор 10 и Коридорот 8.
Дијана Ценевска | МРТ
