Координативното тело за помирување и интеграција го почна својот прв состанок, на состанокот, независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе го презентира предлог-законот за амнестија на лицата што не вршеле насилство на 27 април минатата година при упадот во Собранието.
Дали законот за помирување ќе има поддршка од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе зависи од тоа што ќе биде понудено, велат од опозициската партија.
Од СДСМ и вчера повторија дека не смее и не може да има амнестија за оние кои планирале, нарачале и извршиле насилство на 27-ми април.
