ПОЧНУВА БОЖИЌНИОТ ПОСТ: Денес ги празнуваме Светите маченици Гуриј, Самон и Авив

Македонската православна црква денес го празнува празникот на светите маченици Гуриј, Самон и Авив. Овој празник, кој е и прв ден од Божиќниот пост, се празнува на 15 ноември по стариот или на 28 ноември според новиот календар.

Постот не значи монотона исхрана или гладување, туку урамнотежена исхрана со растителна храна. Православните верници го започнуваат Божиќниот пост кој ќе трае 40 дена.

Со него се подготвуваат за најрадосниот христијански празник, раѓањето на Исус Христос, Божиќ. Постот е религиозна одлука, која подразбира откажување од одредена храна, особено од животинско потекло.

Божиќниот пост започнува денеска (28 ноември) и трае до православниот Божик на 7 јануари. Во овој период верниците се воздржуваат од месо и млечни производи и не јадат јајца.

Сепак, лошите мисли и постапки треба целосно да се исклучат. Затоа, постот се состои во воздржување од мрсна храна, лоши мисли, похотливи желби и лоши дела, како и во умножување на молитвите и милосрдието. Подвигот на постот е и физички и духовен.

Православното христијанско разбирање е јасно. Постот е храна за душата, подготовка за светата тајна причест, победување на искушението и стремеж кон чистота на умот и телото.

Покрај религиозното значење, постот има и позитивни ефекти врз човековиот организам, бидејќи телото дефинитивно ќе се детоксицира во следните 40 дена. Со оглед на тоа дека за време на постот се користи само храна од растително потекло која содржи многу протеини, витамини и минерали, но и целулоза, постот ќе има многу позитивно влијание врз телото и организмот.

Во времето на постот, многу верници не се сигурни која храна е навистина посна и што е дозволено да се јаде кога се пости на вода и што е дозволено кога се пости на масло.

Строг пост (на вода) е само во среда и петок, додека маслото и виното се дозволени во понеделник, вторник и четврток, а рибата во сабота и недела. Најстрогиот пост е на Божиќ, кога вистинските верници на тој ден пијат вода само до вечера.

Вода: посна храна која не се подготвува со масло и не содржи масло во неа;
Масло: тоа се посни јадења што може да се приготват со масло или да го содржат
Риба: се пости со масло, но на тој ден се дозволени риби и вино;
Бел мрс: се јаде целата храна освен месото (исто така и сирење, млеко, јајца итн.);
Сува храна: кога тоа е пропишано, се јаде само сув леб и вода или овошје.

Според христијанското учење, Божиќниот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој според традицијата 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Божиќниот пост не траел секогаш 40 дена. Оваа одлука била донесена на Сехристијанскиот собор во 1166 година, до кој Божиќниот пост траел само седум дена.