Денес времето во земјава беше променливо облачно со сончеви периоди, а во некои подрачја дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Штип ветерот достигнуваше брзина до 50 километри на час.
Според податоците од метеоролошките станици, највисоката дневна температура е измерена во Скопје-Петровец со 21 степен, додека најниската е забележана на Попова Шапка – 7 степени. Во останатите градови температурите се движеа од 12 степени во Лазарополе и 13 во Крушево, до 19 степени во Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Битола.
До крајот на денот се очекува променливо облачно и претежно тивко време, освен вдолж Повардарието каде ќе дува умерен југоисточен ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурите ќе се движат од 6 до 13 степени минимални и од 14 до 19 степени максимални.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, со минимална температура од 10, а максимална до 19 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи, освен во четврток и сабота, кога ќе преовладува стабилно и суво време. Во петок и сабота се очекува засилен ветер од југозападен правец, а од недела – од јужен.