Британските конзервативци денска почнуваат со избор на кандидат за наследник на паертискуиот лидер Тереза Меј , каде најголем фаворит е поранешниот шеф на дипломатијата Борис Џонсон.
Осуммина мажи и две жени се борат од денеска за функцијата на Тереза Меј , а победникот ќе го заземе и местото претседател на британската влада. Процесот има две фази. Во првата , 313 конзервативни пратеници ќе се изјасни за својот фаворит преку серија тајни гласања , се додека не се дојде до двајца кандидати.
Потоа 160 000 членови на Конзервативната партија го избора победникот што би теебало да се случи до крајот на јули. Првиот круг на гласаљње на ториевците ќе биде денеска од 11 до 13 часот , а оние кандидати , кои ќе добијат помалку од 17 гласа, веднаш ќе бидат елиминирани.
Главен фаворит е поранешниот министер за надворешни работи , Борис Џонсон , кој важи за голем приврзаник на Брегзитот. Тој најави дека ,доколку сдтане премиер , ќе ја изведе Британија од ЕУ најдоцна до 31. октомври, без или со договор , зашто вели дека одложувањето значи пораз.
The post Почнува трката за наследник на Тереза Меј appeared first on ТВ21.