Под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта и утре на повеќе места низ земјава се очекуваат повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од државата, каде се прогнозира наврнување над 20 литри на метар квадратен.
Поради продор на постудена воздушна маса од север, врнежите постепено ќе преминуваат во снег во повисоките предели, како и во некои од пониските места.
Во Скопје, во текот на ноќта и утре се најавуваат повремени врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите ќе бидат мешани – од дожд и снег.
