Македонија

Подгответе се за ледени утра: Температурите насекаде под нулата

Подгответе се за ледени утра: Температурите насекаде под нулата

Утрото ведро и студено. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни