Поднесе оставка од потпретседателка, денеска ја избраа за нова претседателка на Форумот на жени на СДСМ

Поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, е новата претседателка на Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Одлуката беше донесена на денешната седница на Извршниот одбор на партијата.

Како што информираат од СДСМ, изборот на Шукова доаѓа по директен предлог на претседателот на партијата, д-р Венко Филипче.

„На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот д-р Венко Филипче, за нова претседателка на Форумот на жени на СДСМ е избрана другарката Каја Шукова. Честитки!“, стои во кусoто соопштение од партијата.

Се вчитува...

Шукова е долгогодишен член на СДСМ и поранешен носител на високи државни функции, вклучително и позицијата министер за животна средина и просторно планирање во претходната влада.